Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ориги го продолжи договорот со Ливерпул за уште 5 години
    Фудбал

    Ориги го продолжи договорот со Ливерпул за уште 5 години

    risteBy riste11/07/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Белгискиот напаѓач Дивок Ориги го продолжи договорот со англискиот тим Ливерпул за период од пет години.

    „Јас секогаш се чувствував пријатно тука. Станав човек овде во овој клуб, потпишав договор кога имав 19 години. Кога требаше да донесеме одлука, само сакав прво да разговарам со клубот, но секогаш имав чувство дека сакам да останам”, изјави Ориги за официјалната веб-страница на Ливерпул.

    Менаџерот на тимот Јирген Клоп беше задоволен од настапот на белгискиот играч во втората половина од сезоната 2018/19 и на него ќе смета во новата сезона.  Минатата сезона напаѓачот одигра 12 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 3 гола и 1 асистенција.

    Во текот на овој месец се пишуваше дека Евертон, Кристал Палас и Вулверхемптон се заинтересирани за купување на Дивок Ориги, но тој се одлучи за продолжување на соработката со Ливерпул.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.