Белгискиот напаѓач Дивок Ориги го продолжи договорот со англискиот тим Ливерпул за период од пет години.
„Јас секогаш се чувствував пријатно тука. Станав човек овде во овој клуб, потпишав договор кога имав 19 години. Кога требаше да донесеме одлука, само сакав прво да разговарам со клубот, но секогаш имав чувство дека сакам да останам”, изјави Ориги за официјалната веб-страница на Ливерпул.
Менаџерот на тимот Јирген Клоп беше задоволен од настапот на белгискиот играч во втората половина од сезоната 2018/19 и на него ќе смета во новата сезона. Минатата сезона напаѓачот одигра 12 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 3 гола и 1 асистенција.
Во текот на овој месец се пишуваше дека Евертон, Кристал Палас и Вулверхемптон се заинтересирани за купување на Дивок Ориги, но тој се одлучи за продолжување на соработката со Ливерпул.