Димитрис Итудис кој седи на клупата на рускиот состав ЦСКА Москва доби најмногу гласови и сосема заслужено ја освои наградата за најдобар тренер во изминатата сезона во Евро-лигата.
Грчкиот кошаркарски стратег успеа со „Армејците“ да го освои осмиот трофеј откако на Ф4 турнирот беше подобар од Реал Мадрид и Анадолу Ефес. Зад него завршија: Ергин Атаман од Анадолу Ефес и Шарунас Јасикевичиус од Жалгирис.
Итудис сега се изедначи со легендарните Жељко Обрадовиќ, Пабло Ласо и Еторе Месина, кои имаат две или повеќе индивидуални признанија во кариерата.
