Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Александар Ѓоргевиќ избра 14 кошаркари кои ќе отпатуваат за Кина на Светското првенство.
Србија утре на домашен терен ќе игра пријателски меч против Литванија а потоа на 12 август ќе гостува кај истиот противник. Од 16 до 18 август избраниците на Ѓорѓевиќ ќе настапат на турнир во Грција, на кој ќе се сретнат со домаќинот, Италија и Турција.
Список на репрезентативци: Никола Јокиќ, Бобан Марјановиќ, Милош Теодосиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Драган Милосављевиќ, Владимир Лучиќ, Марко Гудуриќ, Марко Симоновиќ, Немања Бјелица, Стефан Бирчевиќ, Мирослав Радуљица и Немања Милутинов.