Ракометарите на Вардар успеаа да ги прокнижат првите бодови во новата сезона во регионалната СЕХА конкуренција откако денеска на домашен терен во СЦ Јане Сандански славеа против Пекинг Универзити со 37 спрема 23.
„Црвено-црните“ кои се бранители на тронот очекувано имаа полесен трениг против дебитантот во лигата и уште во првиот дел направија голема предност од 19 спрема 12.
Во победничкиот состав Димитриоски, Атман и Шишкарев постигнаа по шест голови додека Дисингер и Чупиќ погодија по пет пати. Вардар наредниот меч ќе го има в сабота и тоа кај Мотор Запорожје.
.