Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Македонија подготвена го очекува стартот на ЕП во одбојка
    Домашен микс

    Македонија подготвена го очекува стартот на ЕП во одбојка

    risteBy riste11/09/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската одбојкарска репрезентација е подготвена за своејот прв натпревар на ЕП во одбојка кое го започнува со мечот против Финска.

    Селекторот Никола Матијашевиќ вели дека одбојкарите се подготвени за настапот на Европското првенство (ЕП) во групата во Љубљана и сите со нетрпение го чекаат на првиот натпревар.

    „Ќе ги бараме нашите шанси на ЕП со високо крената глава. Од прва до последна минута ќе влеземе на секоја меч. Мечот со Финска е најважен. Но, ако ги победиме ништо не сме направиле, а ако загубиме, пак ништо не е изгубено. Победа ќе значи поголема самодоверба и за да си ја отвориме вратата кон осминафиналето. Турција и Белорусија се две нови шанси кои ни се нудат. Русија е многу силна, според мене еден од двата фаворита, но нема да се предадеме однапред, ќе играме против секого“, изјави селекторот на Македонија.

    Капитенот на нашата одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, ги искажа своите очекувања за првата средба на ЕП која е против Финска.

    „Никогаш не сме играле против Финска. Секако, од видеата што ги гледавме, дознавме за нивниот квалитет и длабок ростер што го поседуваат. За нас, ова е голем натпревар, затоа што е прв меч на Европските првенства. Одиме да победиме, затоа што работевме напорно пред ова ЕП. Подготовките се одвиваа различно од претходно. Овој тим е подготвен за дебито. Најдоброто од се е што сме обединети како тим и заедно сме како едно“, изјави капитенот Ѓорѓиев.

    Своето деби на Европското првенство, Македонија ќе го има утре (четврток), од 17:30 часот, во салата „Стожице“ во Љубљана против селекцијата на Финска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.