Македонската одбојкарска репрезентација е подготвена за своејот прв натпревар на ЕП во одбојка кое го започнува со мечот против Финска.
Селекторот Никола Матијашевиќ вели дека одбојкарите се подготвени за настапот на Европското првенство (ЕП) во групата во Љубљана и сите со нетрпение го чекаат на првиот натпревар.
„Ќе ги бараме нашите шанси на ЕП со високо крената глава. Од прва до последна минута ќе влеземе на секоја меч. Мечот со Финска е најважен. Но, ако ги победиме ништо не сме направиле, а ако загубиме, пак ништо не е изгубено. Победа ќе значи поголема самодоверба и за да си ја отвориме вратата кон осминафиналето. Турција и Белорусија се две нови шанси кои ни се нудат. Русија е многу силна, според мене еден од двата фаворита, но нема да се предадеме однапред, ќе играме против секого“, изјави селекторот на Македонија.
Капитенот на нашата одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, ги искажа своите очекувања за првата средба на ЕП која е против Финска.
„Никогаш не сме играле против Финска. Секако, од видеата што ги гледавме, дознавме за нивниот квалитет и длабок ростер што го поседуваат. За нас, ова е голем натпревар, затоа што е прв меч на Европските првенства. Одиме да победиме, затоа што работевме напорно пред ова ЕП. Подготовките се одвиваа различно од претходно. Овој тим е подготвен за дебито. Најдоброто од се е што сме обединети како тим и заедно сме како едно“, изјави капитенот Ѓорѓиев.
Своето деби на Европското првенство, Македонија ќе го има утре (четврток), од 17:30 часот, во салата „Стожице“ во Љубљана против селекцијата на Финска.