Иако очекувавме многу понеизвесно финале, аргентинците имаа големи проблеми со шутот, и уште во првиот дел им дозволија на Шпанците да се одлепат. Разликата успешно ја менаџираа до крајот на мечот, иако на моменти „гаучосите“ се чинеше дека ќе успеат да дојдат до поднослива негатива.
Рики Рубио со 20 поени беше најдобриот поединец во Шпанија, Љуљ постигна 15, Гасол 14. Убедливо најдобар кај Аргентина беше Габриел Дек со 24 поени. Претходно Франција ја освои бронзата откако во мечот за третото место ја совлада Австралија со 67:59.