Грчкиот кошаркарски репрезентативец, Јанис, Адетокумбо, ќе добие екстра богата понуда од Милвоки за да го продолжи договорот за наредните пет сезони.
Тимот кој настапува во НБА лигата сака да му понуди на црномурестиот играч рекорден договор од 247 милиони долари кој ќе биде валиден во наредните пет години. Тоа го потврдил и Генералниот менаџер на Милвоки Бакс, Џон Хорст, со напомена дека планот може да се реализира догодина кога на Јанис ќе му истече договорот.
Адетокумбо кој беше еден од најдобрите на теренот во претходната сезона и ги предводеше „Бакси“ до финалето на Источната конференција, ја доби наградата за најкорисен кошаркар во НБА лигата.