Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Енис Барди се повреди, неизвесен за средбите со Словенија и Полска
    Фудбал

    Енис Барди се повреди, неизвесен за средбите со Словенија и Полска

    risteBy riste23/09/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Проблемите на селекторот Игор Ангеловски се зголемиваат со повредата на Енис Барди.

    Kако да не беа доволни повредите во одбраната и дилемите на селекторот Игор Ангеловски за тоа кој ќе игра во дефанзивата на следните два натпревари со Словенија и Полска, па сега нова лоша вест за средниот ред во нашата селекција.

    Шпанскиот тим Леванте денес објави дена Енис Барди заработи повреда на бутниот мускул на десната нога, односно повреда на задниот дел на мускулот и регистрирано е истегнување од прв степен. Многу мали се шансите Енис Барди да биде здрав до 7 октомври, за кога е закажан собирот на Ангеловски во Скопје.

    „Се очекува Барди да му се стави на располагање на тренерот Лопез за три недели“, стои во сооштението на Леванте.

    Во првенството на Шпанија, Барди ќе ги пропушти средбите против Бетис, Осасуна и Валенсија. Повредата на Барди е само надополчнување на веќе повредениот Дарко Велковски и казнетиот поради жолти картони Егзон Бејтулаи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.