Проблемите на селекторот Игор Ангеловски се зголемиваат со повредата на Енис Барди.
Kако да не беа доволни повредите во одбраната и дилемите на селекторот Игор Ангеловски за тоа кој ќе игра во дефанзивата на следните два натпревари со Словенија и Полска, па сега нова лоша вест за средниот ред во нашата селекција.
Шпанскиот тим Леванте денес објави дена Енис Барди заработи повреда на бутниот мускул на десната нога, односно повреда на задниот дел на мускулот и регистрирано е истегнување од прв степен. Многу мали се шансите Енис Барди да биде здрав до 7 октомври, за кога е закажан собирот на Ангеловски во Скопје.
„Се очекува Барди да му се стави на располагање на тренерот Лопез за три недели“, стои во сооштението на Леванте.
Во првенството на Шпанија, Барди ќе ги пропушти средбите против Бетис, Осасуна и Валенсија. Повредата на Барди е само надополчнување на веќе повредениот Дарко Велковски и казнетиот поради жолти картони Егзон Бејтулаи.