Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»УЕФА го враќа финалето од ЛШ на „Вембли“ во 2023 година
    Фудбал

    УЕФА го враќа финалето од ЛШ на „Вембли“ во 2023 година

    risteBy riste24/09/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    УЕФА денес официјално потврди дека стадионот „Вембли“ во Лондон по една деценија од своето последно финале на Лигата на шампионите, повторно ќе биде домаќин на најважниот европски клупски натпревар.

    Најголемиот стадион во британската престолница ќе биде местото каде што ќе заврши клупската сезона 2022/23 со натпреварот за европската титула.

    Финалето оваа сезона во Лигата на шампионите ќе се игра на стадионот „Кемал Ататурк“ во Истанбул, следната година домаќин на финалето ќе биде Санкт Петерсбург и „Петровски Стадиум“, а во 2022 година „Алијанц Арена“ во Минхен. На стадионот „Вембли“ во 2013 година Баерн Минхен ја совлада Борусија Дортмунд, а во 2011 година, Барселона беше поуспешна од Манчестер Јунајтед со 3:1.

    Ова се двата финални натпревари одиграни на новиот стадион, додека стариот „Вембли“ повеќе пати беше место на кое се играа финални натпревари од најпрестижното европско клупско натпреварување (1963, 1968, 1971, 1978 и 1992 година).

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.