Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Де Бруин ќе ја чека одлуката на лекарскиот тим
    Фудбал

    Де Бруин ќе ја чека одлуката на лекарскиот тим

    dinoBy dino01/10/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, може да го пропушти денешниот натпревар  со Динамо Загреб во рамките на второто коло Лигата на фудбалските шампиони.

    Белгискиот репрезентативец кој има дадено 2 гола и направено 9 асистенции во 9 мечеви од почетокот на сезонава, се повреди по дуелот со Јери Мина на саботната средба со Евертон и принудно го напушти теренот во 80-та минута.  Првичните лекарски прегледи утврдија дека Де Бруин има мала повреда на десниот глужд и дека мора да мирува извесен период.

    Интересно е тоа што на вчерашната средба со новинарите, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, рече дека сите играчи се во добра состојба и дека конкурираат за првиот тим. Тоа остава простор дека Де Бруин доцна вечер од 21.00 часот  може да се појави на средбата со хрватскиот состав.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.