Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, може да го пропушти денешниот натпревар со Динамо Загреб во рамките на второто коло Лигата на фудбалските шампиони.
Белгискиот репрезентативец кој има дадено 2 гола и направено 9 асистенции во 9 мечеви од почетокот на сезонава, се повреди по дуелот со Јери Мина на саботната средба со Евертон и принудно го напушти теренот во 80-та минута. Првичните лекарски прегледи утврдија дека Де Бруин има мала повреда на десниот глужд и дека мора да мирува извесен период.
Интересно е тоа што на вчерашната средба со новинарите, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, рече дека сите играчи се во добра состојба и дека конкурираат за првиот тим. Тоа остава простор дека Де Бруин доцна вечер од 21.00 часот може да се појави на средбата со хрватскиот состав.