Еурофарм Работник го доживеа првиот пораз во СЕХА лигата, откако беше поразен од ППД Загреб на гостувањето во Хрватска.
Нашиот тим имаше уште еден добар и неизвесен натпревар кој за жал го загуби со 23:23. По големата победа над Веспрем, Еурофарм Работник мораше да му честита на тимот на Загреб предводен од Веселин Вујовиќ во дерби дуелот од ова петто коло.
Ерифарм Работник одлично го почна натпреварот и имаше предност од 7:4, но во вториот дел од првото полувреме одлична игра на Загреб и на подмор се замина со нерешени 11:11. Во вториот дел домашната екипа константно имаше предност, а Еурофарм Работник пред крајот успеа да намали на 22:21, но веднаш следуваше гол за враќање на предноста до два гола разлика, односно 23:21. На крајот Остроушко од седум метри ги постави конечните 24:23.
Шипиќ, Мраковчиќ и Хорват постигнаа по четири гола кај домашната екипа, а Јотиќ и Остроушко со по пет погодоци беа најефикасни кај Еурофарм Работник.