Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ангеловски: размислуваме само за победа
    Фудбал

    Ангеловски: размислуваме само за победа

    dinoBy dino07/10/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два значајни меча во квалификациите за Европското првенство. Прво ќе бидеме  домаќини на Словенија а потоа ќе одиме на теренот на Полска. Селекторот на А-репрезентацијата, Игор Ангеловски,фокусот го става на средбата со Словенија во Скопје.

    „Прогнозите за Барди се остварија, изгубивме уште еден член. Ќе го немаме и суспендираниот  Бејтулаи за првиот меч, затоа се одлучив да повикам двајца нови фудбалери. Столиов долго време игра во нашата лига, тој е лидер на Академија Пандев. Што се однесува до Младеновски, на само 19 години одигра на врвно ниво на дербито со Шкендија. Верувам дека со  максимална борбеност и дисциплина да дојдеме до нашата заедничка цел и да го добиеме натпреварот со Словенија. Toa е одлична репрезентација, Први ѕвезди им се Облак и Иличич, делуваат добро против Полска и Израел“ – изјави Ангеловски пред дуелот Македонија и Словенија кој е закажан за 10 октомври во Скопје. Во тој правец размислува и Стефан Ристовски.

    „Позитивна работа е што уште сме во игра за второто место, но прво треба да се насочиме на мечот со Словенија. Не знам колку сум подготвен, имав само една недела тренинг и ветувам дека ќе помогнам колку што можам. Ако сакаме добар резултат мора да го покажеме тоа на терен“ – вели Ристовски.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.