Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје вечерва ќе го одигра третиот натпревар од регионалната АБА-2 лига.
По двете стартни победи, следи дуел на домашен терен со словенечкиот тим Рогашка, екипа која воопшто нема да биде лесен противник, вели тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.
„Рогашка е екипа која во текот на летото направи одличен тим со многу искусни кошаркари. Ангажираа двајца плејмејкери од Приморска, имаат добар Американец на центарската позиција, а на првите две средби покажаа дека ќе бидат меѓу екипите кои ćе се борат за самиот врв во АБА2, која сезонава е многу поизедначена за разлика од минатата година Ние треба да одиграме максимално, да бидеме борбени и пожртвувани, а во таков случај може да се надеваме на позитивен резултат“, изјави Кочов.
Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Рогашка, во рамките на АБА 2 лигата се игра вечерва од 19.00 часот во СЦ „Јане Сандански“.