Челниците на кошаркарскиот состав Сакраменто Кингс му понудиле на играчот, Бади Хилд, нов договор за наредните четири години вреден 90 милиони долари, но, тој веднаш ги одбил бидејќи проценил дека неговиот потпис вреди многу повеќе.
„Понудата ме навреди. Вредам повеќе од тоа. Велат дека сакаат тимот да го градат врз мене и тоа треба да го покажат на дело а не со зборови. Сакам да останам тука, тоа е мојот дом“ – потенцираше кошаркарот кој бара најмалку 110 милиони долари за четири сезони.
Хилд на 23 јуни во 2016 година беше избран од Сакарменто како шести пик на драфтот.