Новата сезона во кошаркарската НБА лига започна со победа на бранителот на тронот, Торонто и со триумф на Клиперси во градското дерби против ЛА Лејкерс.
Актуелниот шампион одбраната на титулата ја започна со триумф од 130-122 против Њу Орлеанс и тоа по едно продолжение откако мечот заврши нерешено во регуларниот дел 117:117. Во победничкиот состав Паскал Сијакам забележа 34 поени и направи 18 скокови. Фред ван Влит реализираше исто така 34 поени, додека Кајл Лаури застана на 22 поена. Кај Пеликанс најдобар беше Брендон Инграм со 22 коша.
Во локалното дерби во Лос Анџелес, составот на Клиперси славеше протв Лејкерс со 112-102. Каваи Ленар кој дебитираше во дресот на Клиперс имаше блескава партија која ја заокружи со 30 поени. Дени Грин постигна 28 додека уште еден новајлија Ентони Дејвис, стигна до дабл-дабл ефект од 25 поени и 10 скока. Во поразениот тим Леброн Џејмс реализираше 18 поени, 9 скока и 8 асистенции.
