Градот Солт Лејк Сити ќе биде домаќин на мечот на ѕвездите од НБА во 2023 година, објави комесарот на лигата, Адам Силвер.
Собирот на кој ќе се појавата најдобрите од изборот на навивачите ќе се одржи на 19 февруари во „Вивинт Смарт Арена“ или домот на локалниот тим, Јута Jез. За Солт Лејк Сити тоа ќе биде втор пат да организира – „Ол Стар“ и тоа по точно 30 години откако беше домаќин во 1993 година. Тогаш Западот славеше против Истокот со 135: 132 а ѕвездите на Јута, Карл Малоне и Џон Стоктон ја добија наградата – „МВП“ за најкорисен играч.
Годинава Чикаго ќе биде домаќин на – „Ол Стар“ викендот додека во 2021 и 2022 година тој ќе биде реализиран во Индијанаполис и Кливленд.

