Македонската ракометна репрезентација забалежа победа на првиот пријателски натпревар против Грузија во Скопје со 25:21, на меч кој беше одигран во СЦ „Борис Трајковски“ пред нешто повеќе од 1.000 гледачи во убава атмосфера.
Ова беше трет натпревар за нашите ракометари оваа недела, откако претходно во Турција, славеа против Турција и одиграа нерешено против Италија. Македонија имаше предност во текот не целиот прв дел, а таа предност изнесуваше и 5 гола разлика (7:2), но сепак по многу промашени зицери на одмор се отидесо нерешен резултат 12:12.
Во второто полувреме нешто подобра игра на нашата селекција која ги намали грешките во нападот и ја среди одбраната за да дојдеме до предност од 22:20 на седум минути пред крајот на мечот. Во самата завршница нашите ракометари успеаа да постигнат уште неколку гола , а да не примат многу и да го завршат мечот со 25:21.
Најдобри во победата на Македонија беа Пешевски, Велковски и Поповски со по четири гола, додека кај Грузија, Шковебадзе беше најдобар стелец девет гола. На голот на Македонија беше Борко Ристовски, со вкупно 15 одбрани. На оваа средба Македонија настапи без својот капитен , Кире Лазаров кој беше на клупата но сепак не доби минутажа, следејќи го настапот на младите играчи.
Вториот пријателски натпревар меѓу Македонија и Грузија ќе се игра утре попладне (сабота) со почеток од 16:00 часот, во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот е слободен.