Играчот од средниот ред на Фиорентина Френк Рибери може да биде дисквалификуван за неколку натпревари по мечот со Лацио (1:2) во италијанскиот шампионат, пренесува „Скај Спорт“.
Французинот доби црвен картон по средбата меѓу овие два тима. Фудбалерите на Фиорентина не беа задоволни од одлуката на судијата да го признае победничкиот гол на Лацио во 89-та минута. Французинот на двапати го турна помошниот судија. Исто така, Рибери беше незадоволен од неговата замена во 74-та минута.
Сега Рибери може да се соочи со суспензија на неколку натпревари. Конечната одлука ќе зависи од извештајот на судијата. Рибери се пресели во Фиорентина во летниот преоден рок од Баерн Минхен како слободен играч. Договорот на играчот од средниот ред со клубот од Фиренца важи до летото 2021 година.
Во тековната на сезоната во италијанскиот шампионат, играчот одигра 9 натпревари на кои постигна 2 гола и 2 асистенции.

