Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Рибери може да добие казна од неколку натпревари
    Фудбал

    Рибери може да добие казна од неколку натпревари

    risteBy riste28/10/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Играчот од средниот ред  на Фиорентина Френк Рибери може да биде дисквалификуван за неколку натпревари по мечот со Лацио (1:2) во италијанскиот шампионат, пренесува „Скај Спорт“.

    Французинот доби црвен картон по средбата меѓу овие два тима. Фудбалерите на Фиорентина не беа задоволни од одлуката на судијата да го признае победничкиот гол на Лацио во 89-та минута. Французинот на двапати го турна помошниот судија. Исто така, Рибери беше незадоволен од неговата замена во 74-та минута.

    Сега Рибери може да се соочи со суспензија на неколку натпревари. Конечната одлука ќе зависи од извештајот на судијата. Рибери се пресели во Фиорентина во летниот преоден рок од Баерн Минхен како слободен играч. Договорот на играчот од средниот ред со клубот од Фиренца важи до летото 2021 година.

    Во тековната на сезоната во италијанскиот шампионат, играчот одигра 9 натпревари на кои постигна 2 гола и 2 асистенции.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.