Ракометарите на Еурофарм Работник гостуваа кај Татран Прешов во рамките на 6 коло во Лигата на шампионите.
Битолчани на мечот кој го одиграа во Словачка загубија со 31:29 и не успеаа да му се реваншираат на Татран за домашниоот пораз. И покрај тоа што лошо го започнаа натпреварот и му дозволија на домашниот тим да дојде до предност од 3 гола, сепак направија добра серија и се вратија во пртедност која не ја задржаа до крајот на првиот дел, па на одмор се замина со минимална предност на Татран од 15:14.
Во втоприот дел се играше изедначено, а домашниот тим најголемата предност која ја имаше беше од 27:23, но повторно Еурофарм се врати и намали на 30:29, но немаше сила за конечно израмнување на резултатот и мечот заврши со 31:29 за Татран Прешов.
Најефикасни на овој натпревар беа Рабек со десет и Урбан со шест гола кај татран Прешов, додека кај Еурофарм Работник се истакнаа Остроушко со седум, Јотиќ постигна пет, а Ѓукиќ четири гола. Во следното седмо коло Еурофарм Работник за осум дена во Битола го пречекува Савехоф.