Голманот, Калиба Гедбан и крилото на Вардар, Тимур Дибиров, влегоа во топ 5 во седмото коло во Лигата на шампионите во традиционалниот избор на ЕХФ.
Интернационалецот од Алжир имаше серија на бравурозни интервенции во финишот на мечот со Кијелце во СЦ Јане Сандански а токму една од нив го однесе до петтото место во изборот на најдобрите одбрани.
Луцидниот Дибиров со еден од неговите голови реализирани во контра, успеа да го запоседне четвртото место во изборот за најубав погодок во седмата рудна од елитната конкуренција на стариот континент.

