За ракометарите на Вардар нема одмор. По мечот со Кијелце во ЛШ сега ги очекува дуелот со Мотор Запорожје во рамките на СЕХА конкуренцијата. Украинците ќе гостуваат в среда во СЦ Јане Сандански а тренерот на Вардарци, Едуард Кокшаров, најави одредени ротации во тимот.
„Мотор не доаѓа во најсилен состав. Ние исто така нема да бидеме комплетни бидејќи неколку од играчите ќе одмораат“ – вели тренерот Кокшаров.
„Не можеме да зборуваме многу за тоа кој ќе играл. Имаме повредени и ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Јас бил задоволен кога би настапиле комплетни“ – изјави Кокшаров на денешната прес-конференција.

