Бранителот на трофејот во Лигата на шампионите, нашиот преставник Вардар обезбеди нова победа во регионалната СЕХА лига и со тоа го презеде врвот во групата „А“ од тековната сезона. Вечерва во „Јане Сандански“, европските шампиони беа подобри на домашен терен во дербито против Мотор Запорожје со 44-37.
Очекувано и Вардар и Мотор играа во комбинирани состави, па дуелот го одбележаа и многуте погодоци вод вете мрежи. Вардар беше подобар во вториот дел и тука ја направи разликата за победа.
Најдобар во составот на Вардар беше Тимур Дибиров со 11 гола, а Чупиќ даде девет.

