Ракометниот шампион на Европа и Македонија се наоѓа пред голем и тежок предизвик во Лигата на шампионите и гостува кај полскиот тим Кјелце, а повторно тимот ќе има проблем во бековската линија затоа што е некомплетен на ова патување.
Вардар денес отпатува за Полска, а со тимот не отпатува Даинис Кристопанс, кој се здоби со повреда на дуелот против Војводина во СЕХА-лигата и го преседе на клупа мечот во Скопје против Кјелце. Тој исто така не беше во составот на својата екипа на вчерашниот натпревар против Мотор од СЕХА лигата.
Сеуште е голема енигма ситуацијата со Кристијан Дисингер, кој се повреди на вчерашниот натпревар, односно ја обнови повредата на зглобот, но замина со екипата за Полска.
Натпреварот меѓу Кјелце и Вардар се игра в сабота од 18:00 часот.