Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија У19 ќе игра во Елитните квалификации за ЕП 2021
    Фудбал

    Македонија У19 ќе игра во Елитните квалификации за ЕП 2021

    risteBy riste19/11/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години успеа да обезбеди учество на Елитните квалификации за Европското првенство во 2021 година.

    Нашите надежи во Скопје беа домаќини на претквалификацискиот турнир, на кој со денешната победа над Луксембург со 3:0 обезбедија пласман на второт место во својата група. Турнирот го започнавме со нерешени 0:0 против Босна и Херцеговина и пораз од Англија со убедливи 5:0, но по убедливиот триумф над Луксембург, како и високиот пораз на БиХ од Англија, нашите надежи завршија на втората позиција на табелата, која го носи Елитни квалификации.

    Македонија одигра одличен натпревар, ја имаше контролата врз играта речиси во сите 90 минути, креираше повеќе шанси и успеа трипати да ја затресе противничката мрежа. Резултатот го отвори Тошевски во 44. минута, додека веќе во следниот напад погоди Воша за сигурни 2:0 на полувреме.

    Во вториот дел Луксембург ја отвори играта и ни даде многу повеќе простор за контранапади и акции, а една од нив беше искористена од Мурати за конечни 3:0 и голема радост во нашата селекција. Голема помош Македонија доби од селекцијата на Англија, која денес, со убедливи 4:1 славеше над БиХ и со тоа ја однесе Македонија во Елитните квалификации.

    ФОТО: ffm.mk

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.