Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години успеа да обезбеди учество на Елитните квалификации за Европското првенство во 2021 година.
Нашите надежи во Скопје беа домаќини на претквалификацискиот турнир, на кој со денешната победа над Луксембург со 3:0 обезбедија пласман на второт место во својата група. Турнирот го започнавме со нерешени 0:0 против Босна и Херцеговина и пораз од Англија со убедливи 5:0, но по убедливиот триумф над Луксембург, како и високиот пораз на БиХ од Англија, нашите надежи завршија на втората позиција на табелата, која го носи Елитни квалификации.
Македонија одигра одличен натпревар, ја имаше контролата врз играта речиси во сите 90 минути, креираше повеќе шанси и успеа трипати да ја затресе противничката мрежа. Резултатот го отвори Тошевски во 44. минута, додека веќе во следниот напад погоди Воша за сигурни 2:0 на полувреме.
Во вториот дел Луксембург ја отвори играта и ни даде многу повеќе простор за контранапади и акции, а една од нив беше искористена од Мурати за конечни 3:0 и голема радост во нашата селекција. Голема помош Македонија доби од селекцијата на Англија, која денес, со убедливи 4:1 славеше над БиХ и со тоа ја однесе Македонија во Елитните квалификации.
ФОТО: ffm.mk