Ракометарите на Вардар денеска од 17.30 часот ќе се појават на теренот на Мешков Брест во рамките на 9 коло во групата „Б“ во Лигата на шампионите.
Во редовите на „црвено-црните“ се враќа бекот Даинис Кристопанс кој ја залечи повредата додека мечот дефинитивно ќе мора да го пропушти, Кристијан Дисингер. Германецот отпатува за Белорусија, но, не е пријавен во записникот бидејќи го измачува старата повреда. Во ростерот на нашиот шампион ќе ги нема и Сергеј Горбок и Жозе Толедо кои останаа во Скопје.
На табелата, лидерската позиција ја има Кил со 14 бодови пред Монтпелје со 12. Натаму следуваат: Веспрем и Кијелце со 10 бодови, Вардар има 9 а Порто 8. На дното се Мотор Запорожје и Мешков Брест кои имаат по 2 бода.

