Кошаркарите на Работнички и МЗТ Скопје ќе се сретнат вечерва (18 часот, сала „Градски Парк“) во првото овосезонско „вечно дерби“ во кошаркарскиот шампионат. МЗТ Скопје по 6 кола има 5 победи, додека Работнички по четирите стартни победи дозволи во последните две кола да биде поразен.
Ова ќе биде важен меч и за двата тима, особено поради ривалството.
„Ова е дерби натпревар што ќе го решаваат ситници. Мислам дека шансите се израмнети, слободно можам да кажам дека поразите на Работнички на тие претходни средби не значат ништо. Како и на сите дерби-пресметки, ќе решава мотивацијата, желбата за победа и верувам дека моите играчи ќе бидат на висина на задачата“ – истакна тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.
