Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Сите учесници во 1/8 финалето на ЛШ доаѓаат од Топ 5 шампионатите
    Фудбал

    Сите учесници во 1/8 финалето на ЛШ доаѓаат од Топ 5 шампионатите

    risteBy riste12/12/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Откако беа одиграни последните натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите познати се сите учесници во 1/8 финалето на ова натпреварување.

    Интересено е тоа што сите 16 екипи кои ја минаа групната фаза доаѓаат од петте најсилни национални првенства: Ла Лига, Премиер лига, Бундеслига, Серија А и Лига 1.

    ПСЖ, Манчестер Сити, Баерн Минхен , Јувентус, Ливерпул, Барселона, РБ Лајпциг и Валенсија се победници на групите, а Реал Мадрид, Тотенхем, Аталанта, Атлетико Мадрид, Наполи, Борусија Дортмунд, Олимпик Лион и Челзи како второпласирани се најдоа во 1/8 финалето.

    Ова значи дека Англија и Шпанија имаат по четири, а Италија и Германија по три претставници, а за Франција останатите две места во нокаут фазата на Лигата на шампионите. Првите натпревари од осминафинале се играат на 18, 19, 25 и 26 февруари, а реванш натпреварите се закажани за 10, 11, 17 и 18 март.

    Понеделник  (16 декември) во 12:00 часот е денот кога ќе биде направена полудиригирана ждрепка и ќе бидат познати осминафиналните парови во Лигата на шампионите. Кога ќе се погледне списокот на екипи кои ќе играат во 1/8 финалето, се гледа и сликата на она што го сакаат големите клубови, вака би иззгледала и онаа Суперлига која ја бараат богатите клубови.

    Утеха во елиминациите на Лигата на Европа добија Клуб Бриж, Олимпијакос, Баер Леверкузен, Салцбург, Интер, Бенфика, Ајакс и Шахтјор.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.