Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски, кој ги брани боите на Еурофарм Пелистер, е прогласен за најдобар голман во регионалната ракометна конкуренција – СЕХА лигата.
Членот на Битолчани според статистичките показатели од досегашниот дел на сезоната убедливо го држи првото место. Митревски во одиграни 10 кола во групната фаза во СЕХА лигата запишал 89 одбрани. Веднаш до него е членот на Мешков Брест, Иван Матскаевич кој има 88 одбрани додека чуварот на мрежата на Металопластика, Тодор Јандриќ, има 87 успешни интервенции.
Во топ 5 се уште и Игор Чуприна од Татран Прешов (78) и Морено Сар од Нексе (78).