Ракометната репрезентација на Португалија, ќе настапи ослабена на престојното ЕП кое ќе се одржи во јануари. Португалците ќе го немаат на располагање, Жилберто Дуарте, кој заработи повреда на мечот со ПСЖ во Лигата на шампионите.
Деталните лекарски прегледи покажале дека станува збор за повреда на лигаментите на коленото на искусниот играч што автоматски ќе значи и пауза од 2 до 3 месеца.
Ракометарот на Монтпелје кој претходно ги бранеше боите на Барселона и на Порто, на 91 меч одигран во дресот на португалците има дадено во просек повеќе од три гола на натпревар.

