Првиот семинар од втората генерација на Едукацијата за тренери која ја спроведува Кошаркарската федерација на Македонија ќе се одржи овој викенд, во конгресната сала при спортскиот центар „Борис Трајковски“ како и во големата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Според програмата, на 28. декември (сабота) во конгресната сала на СЦ „Бори Трајковски“, Професор д-р Ленче Алексовска – Величковска, Професор д-р Слободан Николиќ, Професор д-р Александар Ацески и Професор д-р Милан Наумовски ќе одржат тематски предавања.
Ден подоцна, во големата сала на СРЦ „Кале“со свои предавања ќе се претстават тренерите Горан Крстевски, Александар Јованчев, Ѓорѓи Кочов и Анета Глигорова.