Машката ракометна репрезентација на Македонија обезбеди тесна победа на полуфиналниот меч на меѓународниот подготвителен турнир во Романија, „Трофеј Карпати“, откако ја совлада селекцијата на Алжир со 25:24. По извонредното прво полувреме и водството од 6 гола разлика (15:9), избраниците на Данило Брестовац паднаа во темпото во вториот дел и им дозволија на Алжирците да ја намалат разликата. Падот во последните 20 минути доведе Алжир да ни се доближи на негатива од само еден гол, а до крајот гол за гол да се обидуваме да ја задржиме разликата.
Танкоски со осум погодоци беше најрасположен во нашите редови, додека Поповски постигна четири гола.
Сега ќе го чекаме расплетот на мечот Романија и Холандија за да видиме со кого утре ќе играме во финалето.

