Кошаркарите на МЗТ Скопје по две продолженија славеа на теренот на Рогашка со 90 спрема 83 во рамките на 14 коло во АБА 2 лигата. Мечот кој беше крајно возбудлив и драматичен, заврши нерешено во регуларниот дел 67 спрема 67.
Во првото продолжение иако домаќинот поведе со пет поени разлика, МЗТ Скопје со кошевите на Стојановски и Харис, успеа да дојде до 74:74 и да се избори за уште едно продолжение. Во тој период нашиот тим покажа повеќе и благодарение на Милошевиќ кој беше најдобар на теренот со 30 поени и 11 скокови, успеа да дојде до посакуваната победа.
Во нашиот табор се издвоија и Стојановски со 13 и Хингс со 11 кошеви. МЗТ Скопје во наредното коло на 9 јануари ќе му гостува на лидерот Борац.

