Избраниците на селекторот, Данило Брестовац, денеска во Словенија ги очекува контролен меч против домаќинот во рамките на подготовките за претстојното Европското првенство. Македонската ракометна репрезентација вечер од 19.00 часот во Слован Градец ќе излезе во комплетен состав и ќе се обиде да ја задржи позитивната серија во подготвителниот период.
Треба да се нагласи дека на клупата на „Змајчеки“ ќе дибитира новиот селектор, Љубомир Врањеш, кој го наследи, Веселин Вујовиќ. Македонските ракометари по денешниот меч со Слевенија ќе одиграат и уште еден пријателски натпревар и тоа на 5 јануари против Црна Гора.
Веднаш потоа нашата екеспедиција ќе замине на Континеталниот собир и ќе биде дел од шемата во групата „Б“ која ќе се реализира во Виена. Таму противници ќе ни бидат: Украина (10 јануари), Чешка (12 јануари) и ко-домаќинот на ЕП, Австрија на 14 овој месец.

