Македонската ракометна репрезентација денес ќе одигра пријателски контролен натпревар против селекцијата на Словенија. Ова е првиот од двата теста кои нашите ракометари ќе ги имаат на завршните подготовки пред настапот на Европското првенство.Нашиот национален тим ќе се сретне најнапред со словенечката репрезентација, а потоа и со Црна Гора, а потоа ќе отпатува во Виена.
Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, најави дека на мечот против Македонија ќе се обиде да испроба неколку тактики и ќе има специфичен план, со цел да има полесна задача при правањето на конечниот список на играчи за настап на ЕП.
„Имам специфичен план за дуелот со Македонија. Би сакал да видам нови играчи, пред да го направам конечниот пресек и да одредам кој ќе игра на ЕП. Се надевам дека ќе покажеме солидна игра против противник кој треба да се почитува. Иако доаѓа во подмладен состав, македонскиот тим е опасен и за нас одличен тест пред настапот на Европското првенство“, изјави Врањеш.
И нашиот селектор, Данило Брестовац ќе може да ги види младите ракометари кои треба да се докажат во завршните подготовки за ЕП, доколку сакаат да бидат дел од овој голем настан. Нашата репрезентација ја очекува уште еден тест против Црна Гора на 5 јануари, а за Виена патуваат на 9 јануари.
Македонија ќе игра во група заедно со домашната селекција на вастрија. Украина и Чешка, а првиот меч го играме на 10 јануари против Украина.