Пред почетокот на ЕП во Австрија, Шведска и Норвешка, нашата ракометна репрезентација доживеа сериозен хендикеп откако шутот на Бомбач заврши во лицето на Велко Маркоски. Лекарските прегледи во Љубљана дадоа препорака од 14 дневно мирување.
Велко Маркоски денеска се враќа во Македонија и повторно ќе оди на прегледи. Поточно, тој ќе биде под постојан лекарски надзор и ќе се следи секојдневно неговата состојба. Препораката на словенечките доктори се поклопува со вториот круг, прашање е дали ќе може некој ден порано да се врати на терен.
Од нашата репрезентација не сакааат да ризикуваат со здравјето на играчот, но доколку од Скопје добијат зелено светло, со првиот авион ќе дојде во Виена и ќе биде во составот на нашата репрезентација.
Селекторот Брестовац во овој момент нема да повикува нов играч туку со ракометарите што ги има на располагање ќе се обиде да ја пополни празнината во одбраната..

