Кошаркарот на Атланта Хокс, Винс Картер, стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој игра во четири декади.
Тој одигра 18 минути во победата на Хокс против Индијана. Картер во 1998. година беше избран како петти пик на драфтот од страна на Торонто. Ветеранот досега играл за екипите на Атланта, Сакраменто, Мемфис, Далас, Финикс, Орландо и Њу Џерси.
Кошаркарот кој набрзо ќе наполни 43 години, дури осум пати бил дел од Ол стар мечот.

