Унгарската ракометна федерација денеска објави дека ја раскинува соработката со досегашниот селектор на женската репрезентацијата, Ким Расмусен. Тој во иднина веќе нема да ја изврши функцијата селектор, бидејќи УО на Федерацијата проценил дека не го постигнал очекуваниот напредок во четирите години како селектор на Унгарија.
За ваква одлука веројатно придонесе и суспензијата на Расмусен од Меѓународната ракометна федерација, поради навредливи коментари за судењето на олимписките квалификации.
До изборот на нов селектор, репрезентацијата на Унгарија ќе ја водат тренерите на Ѓер и Ференцварош, Дани и Елек Габор.