Македонската ракометна репрезентација дефинитивно ќе биде услугите на Велко Маркоски на Европското првенство (ЕП) кое стартува утре, а за Македонија во петок.
Велко Маркоски кој е специјалист за игра во одбрана доби удар со топка во главата и се заработи повреда на окото на тест-дуелот со Словенија. Селекторот Брестовац најави дека ќе чека до самиот крај, меѓутоа резултатите од вториот преглед и дијагнозата од лекарите не дадоа добри информации за нашата репрезентација. Направено е КТ и ЕХО на окото на Маркоски, а по добиените резултати, препорака на докторот е дека Велко Маркоски ќе треба да паузира две до три недели.
Од РФМ на Велко Маркоски му посакаа брзо опоравување. Нашата репрезентација веќе со мислите е кон првиот натпревар кој го играат на отварањето на ова ЕП 2020, дуелот против Украина закажан на 10 јануари од 20.30 часот.