Нашите најдобри ракометари по вчерашната победа против Украина, денеска имаат ден за одмор пред утрешниот меч со Чешка во рамките на 2 коло во групата во Виена. Нашиот пивот, Жарко Пешевски, вели дека Чесите ни се добро позната состав кој утре ќе оди на се или ништо
. „Бидејќи загубија од Австрија сега ќе мораат да се обидат да ја искористат последната шанса. Ние ќе мораме да влеземе максимално концентрирани.Очекувам и голема поддршка од трибините“ – вели Пешевски.
„Треба да одиграме добро во одбраната бидејќи Чесите се многу жестоки, играат грубо и мора да бидеме подготвени за таква борба“ – вели Пешевски.