Нашиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, вели дека сме ја загубиле свежината во вториот дел на мечот со Чешка и дека на тој начин сме му дозволиле на противникот да се наметне.
„Одбраната ни беше добра во првото полувреме додека во вториот дел паднавме. Нивниот десен бек даваше лесни голови додека голманите ни одбранија неколку шутеви“ –вели Кузмановски.
„Пропуштивме шанса преку Чешка да одиме во наредната фаза. Сега се ќе зависи од мечот со Австрија, тоа е потешкиот пат, но, ќе сториме се да ја оствариме целта“ – потенцираше Кузмановски

