Македонската ракометна репрезентација вечерва во Виена го игра клучниот натпревар на ЕП за пласман во втората фаза, а за тоа и е потребна победа против домашната селекција на Австрија.
Австрија се надева дека ќе има поддршка од трибините, иако и Македонија ќе ја има „Фалангата“ на трибините во „Штадхале“, но ние сепак ја имаме традицијата зад себе.
Традицијата е на наша страна кога би се навратиле на натпреварите против Австрија. На Европското првенство во Данска во 2014 година, во рамките на групата А, Македонија извојува драматична победа над Австријците со 22:21 и се пласираше во следната фаза. Тогаш,нашиот голман Борко Ристовски во последната секунда одбрани за победа и беше јунак на натпреварот. Нашиот голман имаше дури 19 одбрани.
Австрија ја совладавме на уште едно големо натпреварување, на СП во Катар, тогаш поубедливо со 36:-31. Никој во Македонија нема да има ништо против и денес да биде така на мечот во во „Штадхале“ во Виена.