Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари 2020 година ќе биде организатор и домаќин на меѓународен ракометен турнир за млади категории „КЛ7 2020″. На истиот ќе учествуаат 8 екипи од 5 ракометни клубови од Македонија и странство, домашните брендови РК “Вардар, РК “Металург”, РК “Еурофарм Пелистер” и вицешампионот на Унгарија РК “ПИК Сегед” кој долги години е дел од престижната ЕХФ Лига на шампиони. Екипите ќе бидат поделени во две категории и тоа 2002 и помлади и 2004 и помлади.
Во првата категорија (2002 и помали) ќе се натпреваруваат: КЛ7, Пик Сегед, Еурофарм Пелистер и Металург.
Во втората категорија (2004 и помали) ќе се натпреваруваат: КЛ7, Пик Сегед, Металург, Вардар.
Распоредот предвидува систем на натпреварување во кој би играле секој со секого во двете возрасни категории. Стартот на турнирот е планиран во петок во 16.00 часот, а учесниците ќе ги поздрави и за отворен ќе го прогласи Кирил Лазаров.