Хрватска и Германија го одиграа можеби најубавиот натпревар досега на Европското првенство во ракомет. Хрватска на крајот славеше во дуелот против Германија со 25:24 во една дранатична завршница.
Двете селекции почнаа изедначено и се менуваа во водство, но потоа Германија направи резултатска предност која на крајот на првиот дел беше 14:11. На стартот на вториот дел Германија ја имаше и највисоката предност од +5, водеше со 16:11 и 17:12, но потоа следуваше одличната игра на Хрватска, предводена од Карачич, Степанчиќ и Дувњак , како и голманот Шего кои успеаа да направат пресврт и да го израмнат резултатот на 22:22, за да во финишот од мечот дојдат и до предност со голот на Карачиќ од 25:24. Германија не успеа да го реализира последниот напада за израмнување и со тоа практично ги загуби шансите за висок пласман на ова ЕП.
Најефикасни во хрватскиот тим беа Карачиќ со седум, Дувњак со пет и Степанчиќ со четири гола, а кај Германија се издвоија Раихман, Вебер, Генсхајмер и Кастенинг со по чети погодоци.
Утре е слободен ден во групата 1 која се игра во Виена, а се играат натпреварите од второто коло во групата 2 во Малме.