Најдобриот норвешки ракометар Сандер Сагосен по вчерашниот пораз во полуфиналето на ЕП од Хрватска, вели дека ова е еден од најболните порази кои може да ви се случи.
„Ова е шлаканица која мора да ја прифатиме. Мораме да ја научиме лекцијата и кога ќе се најдеме повторно во ваква ситуација, да не ги повториме истите грешки. Игравме малку по содржајно во нападот, бидејќи знаевме дека нивната одбрана е феноменална. Сепак, направивме премногу грешки во нападот и премногу шутеви завршија во нивните голмани“, вели Сагосен, кој го стигна Кире Лазаров на листата на најдобри реализатори на ЕП.

